лектира (имн.) - во (предл.)

Она што се случувало во минатото го исклучува вметнувањето нови учесници во тие случувања, ми објаснуваше Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа издание беше наменски подготвено, за потребите на лектирата во средното образование во Република Македонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Книгата мене ми беше многу поинтересна кога ја препрочитав како повозрасен, одошто кога ја имавме за лектира во училиштето, - призна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)