легенда (имн.) - и (сврз.)

Веруваше дека вербалната еурека, кај последниот сиџил, ќе му овозможи да ги спои времињата на луѓето и на народите, таму каде што биле запрени, испрекинати, крпени со легенди и со митови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првиот е Петре М. Андреевски, кој е избран како автор низ чиишто раскази прозборува македонската народна колективна културна меморија, полна со легенди и митски приказни, со суеверни верувања и пагански сеќавања...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕГЕНДИ И ПРЕДАНИЈА се прекрасно сведоштво за постојано активниот народен дух и интелект; на интересен начин тие ја илустрираат вечната народна љубопитност, која настојувала да проникне во секоја животна појава, во секој природен или општествен феномен, при што давала своја оценка и толкување. /.../
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)