легенда (имн.) - во (предл.)

За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги стајува мислите и решен овој пат до крај да отстои за сам на себе и сам за себе да ја обиска моќта на кобта, чека повторно да се одѕвие оттаму од Камен единствената жива и единствената омразена легенда во Потковицата, бувот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)