леб (имн.) - го (зам.)

Лошото ќе биде во тоа што и ние имашлиите што лебот го заработуваме со рало, со вила, со мотика и срп, ќе станеме како вас - парталковци и ленивци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И месечината не се симна по стожерите гумната зрно не видоа место плод по дрвјата растеше Во дланките како леб го стискаа селаните и прворотките место чедо раѓаа камен црн гол камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ако тестото за леб го замесиш со квасец, тој се пробива низ тестото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Торбата со чеканот и мистријата на рамо и ајде, апостолски, сечи го патот преку планини и села; лебот го делевме не на парчиња, ами на касаи; по селата шеташе тифус: сегде пресни гробишта; кога ќе видевме пресни гробишта, бегавме од тоа село: ни леб баравме, ни вода.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некои од мажите, а особено децата на Богородица и на Вангел Русјаков за дневница колку за леб го растовараат јагленот од утро до мрак.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- А што е тоа баба Наца? - Во градот - почна да објаснува тој - пченкарниот леб го викаат баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ние во нашето село немавме воопшто дрва и лебот го печевме со слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога ми натрчаа другарите за миг целиот леб го снема.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со мене носев една англиски курка, па едното парче сирење го скрив под неа, а другото го носев заедно со лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)