ластар (имн.) - се (зам.)

Зад отворениот прозорец низ кој тешко можеше да се спровре глава на дете, небото лежеше како дамка извалкан снег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Значи мојот ластар се вика Виктор, име извлечено од зборот победа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)