лавиринт (имн.) - низ (предл.)

Клучно е да ги размрдаме малку тие комуникациски канали внатре градот (за воопшто да можеме да гра­ди­ме некаква покомплексна инфор­мативна структура, „однадвор”), да ги мобилизираме инвен­тивноста и духот кои чучат и пропаѓаат по скопските дувла затоа што на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 5 Бал­канот тие се безвредна роба, да го промениме тој инертен и моќен фатали­зам дека нема излез од гомнава, созда­вајќи силни јазли на некаква креативна енергија што би се ширела ко звукот на хотел­ско­то yвонче во Бартон Финк, суптилно а силно, вон фреквенциите на „чувари­те на националната култура”, зомбиев­ските гадови што блокираат било каков проток и кои гнијат секој во своето изолирано ќоше од овој мрачен лавиринт низ кој талкаме и за кој допрво треба да се утврди дали вооп­што поседува излез, копчи, интерфејси, како сакате, со некои поглобални структури. 3. Nick White Бројчињава во текстов се само затоа што овој трет параграф, некако според духот, не припаѓа баш во Маргина, но поради сомнителните морални причини споменати на истово место и во минатиот број, поради новиот голем бран на еден примитивен националистички дух кој не разликува државотворност од шовини­зам, пат­рио­ти­зам од национализам (кој не разбира дека државата токму настану­ва во зоната на поларното одвојување на тие термини!) но и кој, доколку не се реагира (а богами и тогаш!, но реакцијата секо-гаш е важна, колку и да е осамена, макар и во историски рамки) брзо тркала сè пред себе, ете, поради тоа, велам: неверојатно е важен отпорот спрема тој евтин тргов­ски национализам кој ги тресе особено тнр. кругови на културниот естаблиш­мент, кои си пронајдоа ново идеолошко лижавче, нова дури јазична матрица составена од крајно нерафинирани наци-романтични стереотипи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој го потсети Татко дека минатиот пат се договорија да трагаат по излезите на балканските лавиринти низ јазиците и јаничаризмот и дека е готов да прими порачки за да набави книги од овие области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првото што се пренесе беше тоа дека бикот, носен од својата болка, го пронашол тунелот, лавиринтот низ кој во дамнина опседнатите на Калето полнеле вода од реката или по долги опсади низ тој подземен пат некаде исчезнувале.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)