лавиринт (имн.) - во (предл.)

Создавав свој распоред, нов лавиринт во Татковата библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
-„Кога опојните мириси на пролета детскиот сон ти го претвараат во живот, казна ли е, судбина ли е, сонот да умира во мирисот на јоргованите?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сонот ќе го претворам во бездна од лавиринти во кои ќе го барам само мирисот на белите нарциси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Метафората на лавиринтот во балканската историја требаше најмногу да му помогне да проникне во генезата и смислата на трајното пресоздавање на балканските граници, како хронична мистерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И на крајот од големата дебата за балканските лавиринти, Татко и Камилски решија нивните потраги во книгите да ги насочат кон балканските јазици и јаничарството, како два најсложени лавиринти во балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар не беа наброени најголемите лавиринти во историјата на човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа го обземаше мислата дека самиот човеков дух може да биде лавиринт во кој секој може да се изгуби, не успевајќи да го најде излезот, доколку не верува во крајниот силен извор на светлината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа веруваше, цврсто веруваше дека Татко го имаше излезот од балканскиот лавиринт во книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едната етапа на нивниот интерес беше како да изведат практичен и прагматичен исчекор од нивните книги и размисли за лавиринти во балканските состојби во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во периодот кога Татко, по читањето на Книгата за воспитувањето на детето, беше обземен во читањето и размислувањето за балканските лавиринти во својата библиотека, дојде Климент Камилски со неколку книги со себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сликата на стапица која изгледа како безизлезен лавиринт во кој нараторот пос­тоја­но се губи, како да ја придружува судбината на Чанга, од Времето на козите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми стануваше прејасно дека тука близу род­ниот град, семејната куќа крај Езерото, влегував низ вра­тата на сталинистичкиот лавиринт во земјата со безброј бун­кери, пароли кои не завршуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да претстоеше движење на лавиринтот во чии крстопати нè чекаа специјални водичи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што е значајно за лавиринтот во старите култури?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ханс Вредеман де Врис цртал волшебни лавиринти во својата книга Hortorum Viridiari- orum Formae (Антверпен, 1583). Станува збор за тнр. Градини за забава, pleasure garden.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сликата на безизлезниот лавиринт во кој исчезнува козарот со козите е јасен амблем на жестоката судбина на земјата под владеењето на интегризмот на сталинистичкиот комунизам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И затоа, јазикот, францускиот, покрај мајчиниот, ќе ја води низ битните идеи на живот, ќе ја води кон излезот од балканскиот лавиринт во кој се наоѓа жената.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)