куќа (имн.) - надвор (прил.)

Во тоа неспокојство, во тие тажни моменти, се замеша и друга несреќа: една ноќ Маруш излета со пушката во дворот, припука по некого, а утредента му забрани на Висар да излегува од куќата надвор, а тој почна со пушката да врти околу куќата и да стражари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жена му декиката ја чекала за да го истурка од куќата надвор, чунки беше £ се здодеало од скржавштината што ја имал тој, при с¯ што бил прв богат во тој град.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кој тргат толку мака?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Дај, оче свети, рака да те изваам од калта - ќе му речел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И друго нешто ќе нарачуам на аџицава; да за на аџил'к колај јет за одење - им рекол пишман аџијата на попоите и сите другите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Плачејќи и одејќи донегде, му се моли на Бога да 'а стори еден гулаб, та да си летни в планина.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Списка жена, како некоја лута змија; трешти да бега низ куќа, трешти да бега од куќа надвор, трчај мажот по неја и удри, трчај и удри, суди а со тие зборои, ѓоа метлата ја судит..
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Велејќи така сирото девојче, си излегло од куќата надвор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Као да чина, бре браќа? - им рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)