куќа (имн.) - жена (имн.)

Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зашто јас него кога го зедов, кога му дојдов во куќата жена и домаќинка да му бидам, јас веднаш си го легнав умот на брашното.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)