куќа (имн.) - ги (зам.)

Откако ја презеле и ја разурнале населбата, заедно со куќите ги изгореле и жителите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И камењата и калдрмата и портите и чардаците на куќите ги знаеше наизуст Сане Сандин и со затворени очи можеше да ги погоди, на полноќ да ги најде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За вредноста на куќата ги усвојувам следните нормативи: 1м2 нето површина чини 250 динари; куќата има нето површина од 200 м2. Вкупно: 50.000 динари.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите куќи ги превртевме и го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По куќите, по дворовите каде што го водеше, се собираше сето село; во некои куќи ги криеја децата да не гледаат, а некои жени ги покриваа очите со раце кога бикот ќе си ја запотераше својата работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На вратата од куќата ги пречекаа мајка ѝ и Наде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со други дваесетина и мажите од нејзината куќа ги наоѓаат по планината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Куќите ги изградивме со спечалени пари кој во Австралија и Америка, кој во Германија и по некоја пара од рипчињата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Куќите ги уриваа со булдожери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Луѓето затворени по куќите ги колнат и го молат бога да ги стиша, да ги спотера некаде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)