куќа (имн.) - почне (гл.)

Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нѐ испекоа живи агите, промрмори Јован, тресејќи се во својот ќош, колку нешто да проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По куќите почнаа да се палат ламбите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Внатре влегоа двајца граѓани и седум-осум души селани од Ново Село.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Вратите на куќите почнаа да се отвораат, слушаше растрчани чекори, нервозни и уплашени гласови се довикуваа, и сфати дека во секој миг ќе дојдат и другите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Без да размислува што прави, остави пушката да му се лизне низ прстите и се стрча надолу по ридот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За неколку дена куќата почна сосема да им се менува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Невообичаено за јуни, почна повторно да врни и олукот на куќата почна да испушта звуци кои што на Александар во друга прилика би му биле пријатни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Од куќите почнаа да истрчуваат возбудени луѓе и жени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бидејќи времето застуде, домаќинките по куќите почнаа да ги палат огништата, а мажите додека се грееја, чувствуваа благодарност за Илета Вегов - Брчалото, бидејќи да не беше тој, којзнае дали толку рано ќе имаа дрва за да се затоплат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Е, веќе во куќата почна да ни оди добро. Ние имавме многу волови, оравме со два–три ѕевгари, коњи, овци имавме петсто, молзници едно чудо, имавме и двајца момоци за работа, наши братучеди од Цапари, а подоцна со нас дојде да живее и нивниот татко, тој беше болен и сакаше тука да умре, при децата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)