куче (имн.) - веќе (прил.)

По звуците што доаѓаа од онаа страна на поточето, сфати дека кучињата веќе се фатиле со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кучињата веќе ги мачкаат со катран.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Момченцето можеше да ја продолжи уште, но кучињата веќе почнаа да покажуваат знаци на лутина, па им го даде лебот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само такво куче веќе не сме изгледале.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)