куче (имн.) - го (зам.)

Навистина, овие кучиња го засмрдуваат Париз, зашто нема ѕид, сокак, улица, а да не е опогането со кучешки измет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И во двата случаи главниот виновник ќе бидат или сплетот на несреќни околности или мрачните сили на пеколот кои како гладни крвожедни кучиња го чекаат својот плен, тие жртви кои во себе го носеа дивиот страв, тие изгубени и продадени души кои се изгубија по патот на неверството, предавството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А еден ден кучето го скри некаде зајачето и повеќе Богдан не го најде.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стрчнаа по него и кога се доближија до кучето го препознаа: тоа и нивното куче!
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кучето го негува како чедо; постојано е со него: каде оди тој и него го води; му дава што е најубаво за јадење, го храни исто како што ги хранеше кучињата во Пансионот. Игра со него, го дресира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека нежно ја ослободуваше од фустанот и маките на девственоста, лижејќи ѝ ги брадавиците и нарекувајќи ја своја овчичка, неговите кучиња го стигнаа пленот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гробот на детето на сопственикот на кучето го најдоа откопан и коските расфрлани.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кучето го напушта коренот на оградата потерано од камшикот на студот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Бојан отпрвин помисли дека е тоа ветер што се вовира во оџакот, но забрзаното, ненадејно лаење на кучињата го потврди неговото стравување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Белчо... Детето ништо не говори, само плаче, а кучето го слуша своето име.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Брзото и неочекувано растење на кучето го натера професорот пак да ја отвори својата Британика.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Соговорниците тоа не го забележуваа, но беше необично да се види како кучето го влечка задникот по паркетот и му се приближува на стариот господин Гроздановски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се чинеше дека кучето го поттикнува стариот професор поскоро да стане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислам кучето го бара, така, со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)