куче (имн.) - лае (гл.)

А мечката, ја гледам, ништо: си пасе, не ни забележува дека кучињата лаат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Стивенс уште повеќе се возбуди, зашто чу дека кучињата лаат дебело, длабоко, како што се лае на крупен дивеч.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вратите на куќите почнаа да се отвораат, слушаше растрчани чекори, нервозни и уплашени гласови се довикуваа, и сфати дека во секој миг ќе дојдат и другите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Селските кучиња лаеја како подивени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кучињата лаеја, свртени кон коријата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ЛЕТАЈ, СВЕТУЛЧЕ, низ темно темничиште! Оф, не згаснувај! - Сал кучињата лаат... оф, лоши луѓе идат... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кучињата лаат, караваните минуваат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Слушнав кучињата лаат, тие нашите, овчарските, кои беа многу опасни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И само се меша: Смедерево, што кучиња лаат, затворено, лоши луѓе идат, а калајџијата со прачката само трза по тоа тељовите од виолината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речиси сите кучиња лаат заедно. ’Ржат, квичат, завиваат. И лаењето преоѓа преку река.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)