куфер (имн.) - во (предл.)

Го прегрна и татко му. Седнаа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На врата, со куфер в рака, се појави Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се искачив по стрмните скали со големиот куфер в раце и зазвонив на вратата каде што на една месингена плочка со крупни слова пишуваше.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но после тоа никој не боравеше во неа, Можете да си го оставите куферот во вашата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа сеќавање беше толку неодредено што, макар колку да се трудеше, остана несигурен дека човекот со костумот воопшто имал куферче во раката или нешто друго на што тој не можеше да се сети, да го опредмети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поради здравјето, ми вели додека ја затворам вратата од лифтот, а потоа, на патот нагоре, таа започнува со кажувањето на првата приказна во текот на оваа посета и веќе е некаде кај описот на канцеларијата на адвокатот Сечков, додека јас сѐ уште ја затворам вратата од двата куфера во рацете.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога Земанек дојде, му го предаде саксофонот и куферот; тоа беше истиот овој куфер во кој сега е пронајден и романот, и дневникот на Јан Лудвик, како и тие неколку книги што Лудвик ги читал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Носеше куфер во рацете. Мајка ми ужаснато ја погледна. „Кај си тргнала? ” - остро ја запраша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓу нив е и Мишко, пристојно облечен, со куфер во рацете.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Саздо застанува зад него но Мишко го открива неговото присуство и не се изненадува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Изгледа сфати дека тоа е негова обврска и послушно еден по еден ги мести куферите во багажникот и на крај проверува дали добро се наместени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стоев пред вратата со куферот во едната рака и не знаев што да правам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Под бујните веѓи, влажните очи уморно му светкаа и откако тетка ми ме изнабакнува по целото лице и убаво ме изгушка, тетин Јован срдечно ми ја стисна раката и ми помогна да ги натовариме куферите во неговиот автомобил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тука Ѓорѓија заспиваше, немајќи сили да си ја доврши фантазијата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се симнав надолу и го оставив куферот во дневната, па се симнав накај кујно-гаражата да си ги земам чевлите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно, си помислив, ѝ е непријатно да признае дека и нејзе ѝ се одело во тоалет и чекала толку време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Што ќе правам ако имам плунка на забите или ако случајно ѝ ја потфатам устата со забот?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога стигнав дома, ги ставив тие нешта во еден куфер во шкафот во мојата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш го земав куферот, ги вадев работите од него, и ги положував на креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во мугрите, премален од патешествието и застрашен од тоа дека ќе ме откријат, ја вратив униформата во куферот во нивната спална соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)