кутија (имн.) - локум (имн.)

Ако бидете добри, вечер ќе донесам за секого по еден кутија локум. Разбравте?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вечерта навистина кадијата му донесе по една кутија локум на секое; ги навечера убаво; им наместија удобни легла во две-три одаи и продолжија со добрите однесувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го спакува куферот, меѓу уредно наредените кошули и пантолони, ја смести кутијата локум, старовремска, сас слика на источњачки дворац, око чији стубови се пењев ружи, подарок за љубезната секретарка на Студентскиот дом. И замина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)