куршум (имн.) - в (предл.)

И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Затоа што и тој не ми го врати кучето, туку „Тинк!“, без да му мисли многу, му го удри куршумот в чело.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тој вели: „Јас бев веќе на оној свет: кога Бандо ми забуца куршум в гради - и видов каков е. Сега ми треба овој живот да го проживеам“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Смит падна, со куршумот в срце. Сите се свртија. „Будала! Се плашеше од градот!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)