куршум (имн.) - фрчи (гл.)

Многумина од бунтовниците, гледајќи дека куршумите фрчат во портата, се стасаа назад во тврдината, оттаму ги испразнија своите пушки и очаени се разбегаа по кулите и зградите да се кријат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Куршуми фрчеа на сите страни, се одбиваа од дрвената кола, толку многу блиску до Кире.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)