куп (имн.) - ѓубре (имн.)

Мети, растребувај, фрлај што не е требно, требното сместувај го каде што му е местото, — направи на средкуќи еден куп ѓубре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ланецот на исхрана е прекинат со недостатокот на контејнери и купови ѓубре што се требат у ситните саати.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Таа есен се чувству­ваше дека сета таа хипи работа беше уништена уште во текот на летото - едноставно стана премногу голема и премногу комерцијална.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во октомври тргна оној погребен процес „Хипи, верен син на мас медиите”, кој го организираа вистинските хипици, кои навистина беа вовлечени во организаци­ја­та на општествениот живот и кои ги презираа сите оние free-style клинци кои дојдоа во Сан Франциско во текот на летото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неколку месеци по ова новинарите веќе почнаа да пишуваат за тоа како Хајт Ешбери стана куп ѓубре и како сега сѐ стана валкано и одвратно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)