куп (имн.) - урнатина (имн.)

И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не сакав да се одделам макар и од тој куп урнатини.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ме погледа со мртов поглед.  „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”.  „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”.  „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше збунет и не можеше да верува дека друго човечко суштество, без да стави рака на него, и без да му каже ниту еден збор, па дури и да не гледа во него, може да го парчоса неговиот свет и од него да направи куп урнатини.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)