куп (имн.) - книга (имн.)

Во аналите на стариот париски хотел Monsieur le Prince било забележано дека во истата соба број 17 престојувал гостин кој заминал, со купови книги, додуша во помал број отколку 15 години подоцна, но овој гостин, бидејќи се работело за книги, бил толериран до крајот на престојот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Букинистот Диран го донесе купот книги за Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако го изеде сендвичот со жамбон и го испи пивото во кригла, се врати во книжарницата, се доближи до својот куп книги, ги однесе до касата да плати, веќе му беше означен попуст, односно книгите ги купи по набавната цена од страна на книжарницата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа се вика координираност. * Овие шест писма имаат многу наслови: Олеографски приказни, Грбавецот и Невестата, Во сенката на војната, Дијалог, итн. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 83 I дел Во станот на mr. Backon постојат чудесни нешта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тука е фотографијата на малиот македонски град во кој сум роден, мапа на Лондон, куп книги за Alexander tehnick, голем глобус; карта на астролошките созвездија, препариран мажјак на павијан со искезена челуст.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неодамна, присилувајќи се себеси да станам од креветот, се најдов врз куп книги што очигледно паднале од полицата до мојот кревет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Значи, можеби растечкиот куп книги и часописи крај мојот кревет е добар знак; можеби сигнализира смрт на идејата за културно владеење (кое често е во дослух со економското и политичкото владеење); слично како и менувањето канали, можеби и тој имплицира обновено почитување на личното искуство и личните желби, наспроти „мудроста“ на културните гуруи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Лижејќи ја хартијата со својот вжештен јазик, тој потоа се прошири на жолтите завеси од Икеа, уредно наместениот кревет, бродскиот под, вагата која секогаш покажува повеќе, и книгите, да, купот книги во кои ликовите, за разлика од неа, не се грижеа за својот лик и дело.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Да, околу машината, по целата маса, куп книги. Лево и десно, пак книги.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На столот имаше неколку купови книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој дојде, само со куп книги и многудетно семејство во овој непознат град, оставајќи го огништето, своите, крај бреговите на едно чудесно езеро.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше тоа куп книги, скици, мапи, лични записи, за кои Мајка посебно се грижеше, кога други книги и списи притиска во Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)