куп (имн.) - збор (имн.)

Се работеше за патување од пред четириесетина го­ди­ни, од кое денес останале само куп зборови, премолчувани во различни времиња, задржани во сеќавањето, зборови-спомени во неодгатлив неред.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Признавам дека имам уште многу да учам – го прекина Еразмо старецот. – Мене, сето ова ми прилега само на куп зборови, кои можеби ќе успеат да поттикнат некого да направи обид или мал чекор кон просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Те сакам“ би можело да звучи како исушен куп зборови, кои вбризгани во вистинскиот момент би дејствувале како дрога.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)