куп (имн.) - дете (имн.)

Постојано во неговите уши одѕвонуваше ... „не смееш да ја венчаш, зашто тоа ќе ти донесе уште поголема несреќа“, на сето тоа додаваше „да беше среќа, досега ѝ куп деца ќе ти изродеше.“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Па расплетоа како се запознале по првите неуспешни брачни обиди, со по еден куп деца покрај себе и како децата биле причина да се засакаат и да заодат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вангел Русјаков се качил на втората плоча со својата ситна женичка и купот деца, додека Родна не успеала да го наговори нејзиниот Петре и тие да одат горе и да си шарнат една или две одаи со бела вар како Геле Колишев и Вангел Русјаков.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вангел Русјаков, без да ја поткрене главата проломотува Браво за Дине, ем две жени, ем куп деца, ем сам под капата на Господ! се подзавртува и својата ситна женичка како да ја напикува во својата пазува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од другата страна, спрема источните празни прозорци место си фати сувиот и висок човек, сосема на крајот и тајфа од маж и жена и куп деца, некој си Сипкови, Сопкови, така некако.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кадијата тргна кон купот деца и му рече на фурнаџијата да ги носи ѓевреците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Талкаше сам иако кај управните згради се бркаа еден куп деца.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како исфрлени стари предмети можеа да се видат на куп децата во тој предел крај ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Куп деца дома и наеднаш цела дома празна. Глуво. Болно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)