култура (имн.) - го (зам.)

Популарната култура го обновува Еросот кој високата култура го беше потиснала, и така процесите поврзани со принципот на задоволство сепак не се само умртвувачки текови, бидејќи „барањата на Еросот се тие коишто како нагонски потреби го спречуваат опаѓањето на нивото и воведуваат нови напнатости“.7 Она што следи е краток преглед на неколку дела на британски уметници кои го свртеа вниманието врз себе последниве години, и осврт на референците што ја откриваат нивната поп-културна „втемеленост“ и којашто всушност овие трудови ги прави привлечни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, и самиот популарен код, со кој оваа уметност се напојува, функционира како реметење на принципот на константност кој го наметнува идејата за висока култура достапна на оние со „поистенчен вкус“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквото преобратување на функцијата на културалната меморија е во целост карактеристично за севкупната врска меѓу човештвото и неговите производи (усмената култура го сакрализирала зборот а материјалната култура споменикот); но сакрализирањето на библиотеката претставува одраз на една идеологија врз која, во крајна линија, се втемелени сите таканаречени “западни вредности”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Колку и да упатува на жените, како што очигледно и прави, таа не е секогаш и суштински за жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културата ја зачувуваат редовни, долговечни процеси на општествена репродукција кои пренесуваат конкретни обрасци на мислење и на однесување од едно на друго поколение и го консолидираат колективниот идентитет на групата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во случајот со сопранската арија има да се додаде уште понешто, неколку дополнителни размисли што можеби ќе помогнат да се објасни зошто шефовите на државите обично не упатуваат на Ritorna vincitor! кога си ги испраќаат репрезентациите на олимписките игри и кога на стадионите навиваат за нив (макар што победославниот војнички марш од Аида навистина се пушта, па дури и се пее, на европските фудбалски натпревари).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи на поединецот му се втиснуваат толку рано, на толку рана формативна возраст, тие се упорни, трајни и конститутивни за себството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои од тие вредности или идеали поврзани со жените се обележани како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога еден од американските војници во Ирак кои го уапсија Садам Хусеин се послужи со реплика од Тоска, истоимената јунакинка од операта на Џакомо Пучини, и рече E avanti a lui tremava tutta Baghdad (‘А пред него се тресеше сиот Багдад’), за него се мислеше дека ја прекршил политиката „Не прашувај, не кажувај“, според која на нехетеросексуалците им се забранува отворено да служат во војската на САД.393 Зошто?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Тие на претеран начин изразуваат делови од жените, кои стануваат одвоени од целата личност“.202 Тие карикатури на женственоста претставуваат епитом на она што нашата култура го смета за несериозно и ги драматизираат целокупните последици од општественото и симболичното насилство што општеството во кое доминираат мажите го насочува кон сите што се квалификуваат како „женствени“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден од методите со кои геј-машката култура го разработува и го консолидира својот особен став на општествен и културен отпор е усвојувањето, присвојувањето и преведувањето во машка геј-смисла на одредени вредности или идеали што ѝ се длабоко туѓи на традиционалната хетеросексуална мажествена култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секоја „култура“ што не се стекнува преку примарна социјализација мора да биде релативно површна, минлива мода или навика или светоглед, а не врежан начин на суштествување и на однесување; не би била многу длабоко вкоренета во субјективниот живот на поединецот или на групата, па би било лесно да се смени и ранливо би подлежела на промени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Премолчаните генерички конвенции на јавната хетеросексуална култура го забрануваат тоа, а ако ги нарушат тие конвенции, општествените учесници запаѓаат во вистински неволји.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека се потсетуваат на она што стрејт-мажите го заборавиле и додека го реконструираат, додека свесно ги репродуцираат изведбите за кои стрејт-мажите веќе не се свесни дека ги изведуваат, геј-мажите неминовно согледуваат што е тоа што хетеросексуалната култура го смета за природен и автентичен идентитет – за облик на суштествување, за суштина, за ствар – општествена форма: изведба, настап, улога. ‌Има други фактори што објаснуваат зошто геј-мажите се склони да ја доживуваат мажественоста како општествена норма, а не како природна онтологија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е музика што спаѓа во „единствениот [геј-жанр] што масовната култура го создала некогаш“ (16).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е сопствен облик на родова нетипичност и во неа се работи конкретно за самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Репродуцирајќи се себеси со секое ново поколение, културата го одржува идентитетот на заедницата од минатото кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е тоа што претставува општествено суштествување. (Locus classicus на оваа настрана пронигба е драмата Прислужничките од Жене.) А тоа е и она што хетеросексуалната култура го потиснува и не може да го признае, бидејќи ако се признае, тоа би значело откажување од повластиците сврзани со автентичноста, со општествениот статус на природно нешто, чие постоење не е ништо освен вистината за неговата суштина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, општествената прагматика на родот прави да биде општествено невозможно државник да им посака успех на спортистите што му ја претставуваат државата извикувајќи Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Внатрешните односи во заедницата на оние што сакаат се посредувани со омразата кон “заедницата” на сите оние што во неа не се вклучени; припадноста на некоја култура го содржи никулецот на негативниот култ - омразата кон сите што се туѓи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби младината е навистина глупава, но не до толку да ги употребува оние медии што тврдат дека најинтересните работи во нивниот живот се глупави и опасни. Katz повеќепати докажал дека е сигурен апологет на популарната култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Припадност кон Западот омраза кон Истокот, припадност на белата раса омраза кон 'небелците', припадност на ариевската раса антисемитизам, припадност на левицата омраза кон десницата, следење на еден maître â penser или гуру негирање на другите, и конечно, колнење во еден бог нетрпеливост кон сите што не го признаваат за свој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Верите, иако инспирирани од екуменски дух, се секогаш партикуларни; боговите на историските религии како нормативен извор на морални судови не се носители на универзалното.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Популарната култура наводно претставува најголема закана за општеството; меѓу другото е наводно виновна за тоа што младината сѐ помалку чита и станува сѐ поглупава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа е нивната реакција толку силна и пресметана; имено, тие посегнаа по сигурното средство за мобилизирање на јавноста и проблемот на популарната култура го претставија како образовен проблем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се вели дека културата го одредува однесувањето на луѓето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)