култ (имн.) - кон (предл.)

Французите се меѓу ретките луѓе во светот кои имаат култ кон с.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка го споделуваше Татковиот култ кон книгите уште кога се омажи за него, ама сега некој за прв пат ѝ подаруваше книга, и тоа необична книга која ќе ѝ припаѓа само нејзе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но што можеа да имаат Татко и Камилски, со фанатичните службени препишувачи на времето, Бувар и Пекуше, кои случајно се сретнале во Париз, откриле заеднички афинитети како кописти и решиле да се спротивстават со нивната автодидактичка апотеоза на тогашниот култ кон науките во нивниот најголем расцут во XIX век?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но во периодот на ИНФОРМБИРОТО, кога, како што се говореше меѓу народот Тито се скарал со Сталин и во земјата настапи вистински инквизициски лов на фанатичните приврзаници на СССР, но и прости грешници, кои не можеа да се ослободат од дотогаш создаваниот култ кон советскиот генералисимус и малиот татко на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ете, обајцата ги зближи и им го прошири пријателството, заедничкиот култ кон јагулите и нивниот кружен пат околу планетата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Жан Домек негуваше култ кон козите, како спасителки на човекот во сите времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во младоста како да го наследив татковиот култ кон романот Боговите се жедни од Анатол Франс, во кој на еден посебен начин се пишува за карактерите на владетелите и за Француската револуција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги негуваше како билки во својата душа со својот култ кон читањето на своите избрани француски автори.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)