кула (имн.) - за (предл.)

Тоа е астрономска кула за набљудување или ѕвездарица.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако ништо друго, барем ќе може да избира вакви Катиња, Цветиња, Митриња, Достиња, кои ќе му се бендисаат, и ќе си ги држи на кулата за „своја душа".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А и кулата за градскиот саат, која беше довршена и го доби на врвот саатот довлечкан од Сигет, ги крунисуваше тие дела за гордост и пофалба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неговите очи ја разгледуваа раскопаната земја и застанаа да се одмораат на подножјето на кулата за екранот, каде што брат му Френк и тројца од луѓето на Ангелоти лежеа на бетонските блок-темели.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)