круна (имн.) - од (предл.)

Дајте ми круна од злато, ќе направам дворец од блато! Не, не, не, извикаа дечињата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Воздишка ли да испуштел спрам некого, од мака, или од севда некаква, врз овега круна од ѕвезди небаре се правела, небаре да му свети како на светец и да го пази со сечилото на светлоста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И скакулците беа како коњи спремни за бој; и на главите нивни како круни од злато, и лицата нивни како лица човечки.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тука, под белите облаци на круните од високите буки, стоеше една изгасната провидна темнинка, што немаше никаква белина ни во најбелите мигови на белата зимна ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)