круг (имн.) - е (гл.)

Ана во вториот круг е гејша. Сублимно се движи, но сепак, помислува Љубовникот, „You are my destiny“ од грамофонот бара партнер.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кругот е завршен – црномурестиот витез со жолтата наметка поаѓа кон Градот, а идната хранителка на змиското семе копнежот незадржливо ја води од Градот, кон прегратката на блискиот незнаенец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- А не, - ми вели тој. – Тоа е веќе невозможно. Овој круг е затворен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)