крст (имн.) - го (зам.)

Многумина крстот го заменија со по­лу­месечина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според богомилското учење црквите биле излишни, крстот го сметале за омразен предмет бидејќи на него бил распнат Исус Христос; ги негирале иконите; ги негирале и црковните празници; работеле и во неделите и се залагале за избегнување на браковите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога ќе излезат од реката потоци вода истекува од гаќите на војниците. Мислиш крстот го фаќале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
3. Човекот: „крст во кругот“ Крст го двои небото на источно и западно високо и ниско кругот се затвора: - Deus homo est.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Подавав вода во чаша за пострашни лекови, за лекови кои некој не сакаше да ги пие, ама тој крст го носев само јас и го криев од другите. Од сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)