кревет (имн.) - го (зам.)

Голиот џам го омекна со одвај проѕирна и жолтникава завеса, тврдиот војнички кревет го стопли со обновена слама во сламарникот и со црвеникава куверта како прекривка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
БОГДАН: (оди и го свлечкуе за јака Пијаниот од кревет Го дрма). Ко си ти ? Кажи ко -си, бре?
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Го изнесоа и Бошка од креветот и креветот го посолија со некоја прашина, како ќуќур, како толчена вар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Набргу пристигна и стриче Силе Николоски. Беше дремлив, од кревет го кренале, по влечки дојде, бос, така како што се затекол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сосема сме различни од хетеросексуалците – освен по она што го правиме в кревет (она што, горе-долу, сите во кревет го прават исто, со некои ситни, незначителни варијации).“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)