крај (имн.) - пат (имн.)

Каде сме? На крај пат, ама сѐ уште во наше и, изгледа, на пат во туѓо, што не води туку оддалечува од дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И еве сега добриот Бог на преселбите им ги спои судбините за до го најдат на крајот патот на јагулите, патот на нивното враќање од егзил... VI Ноќта беше долга, студена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колоната по патот се зголемуваше со луѓе од другите села и се слушаше сѐ поголем рикот на добитокот и се креваше поголема прашина по патот; колоната често се прекинуваше, застануваа луѓето да се напијат вода на изворите крај патот, да го напојат добитокот и да се одморат, да се разладат од јулската жештина , која потпалувајќи го воздухот, им правеше трептежи пред очите; ставаа на главите лисја од лопушки, гранки, 'ржаница за да ги заштитат главите од сонцето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)