коњаник (имн.) - во (предл.)

Тогаш бев Марија, сега сум Еврејка и умирам зад боцкави жици во некој логор. далеку сум и не го слушам коњаникот во нашиот часовник, не ги сонувам невидените орхидеи, нечуените прици на твојата Африка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас заедно со тебе го слушам коњаникот во нашиот часовник, јас уште копнеам по твоите приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто коњаникот во часовникот галопираше а јас немав збор да го запрам како што запре тој самиот во една ноќ пред тоа. Од тага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бев среќен во прегратките на тагата по виулицатa и дождот, сонце ќе огрее погледот залутано талка во далечината се обидувам да го слушнам гласот од златоустиот коњаник во дамнината... Oдвај ги забележав трагите од прашинките во одминување...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Коњаникот во часовникот го минуваше својот пат оставајќи зад себе трага на огромна празнина. Не брзаше нигде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Некои од оние што биле во засолништа во кои ни од грб не ѝ биле изложени на смртта, виделе: коњаникот во паѓањето ја пуштил сабјата за да се пречека на раце и додека се обидувал да извлече од својата стуткана здебеленост нож или кубура, Онисифор Проказник се фрлил врз него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се повлекувале по гол простор, исто така бришани со оган како осуммината горјани пред некој ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)