коњ (имн.) - кон (предл.)

Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набргу Бојан го збодна коњот кон селото, а доктор Коста, инженер Александар и Денко забрзаа преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој мирно го поведе коњот кон шталата на едно запустено лозје, кое едно време беше гордост на еден фармер по име Фитваџијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го пушти коњот кон шталата и со торбата тргна кон мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го видов, долу, над Ростов, близу до морето, каде што се влева Дон, како јури со коњот кон една запалена куќа, и наеднаш, скокна од коњот и се фрли во прозорецот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можам да го натерам да прави сѐ што сакам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)