која (имн.) - го (зам.)

Либерализмот што го „проповедам“ не е доктрина на една политичка партија туку одредена клима на мислење, идеја на трпеливост која го наследува античкиот збор Homo homini res sacra.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ете, така, де, префрли си го веленцето на другото рамо за да не ти отрпне раката со која го носиш тој црн ѓум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Бегај! Мамката мрсна! – викаше Бугаринот на баба која го потргна за кожниот колан да не пука на син и...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Наспроти луцидноста и инстинктот, тој го поставува инстинктот на луцидноста: невидливото не е темно или мистериозно туку е транспарентно...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Единствената убавина која го интересира Дишан е убавината на „рамнодушноста“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако не ја познаваме и критикуваме таа двосмислена музика, нема да му дадеме никаква корисна смисла на светот што се раѓа и на уметноста која го изразува.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да му ја покаже трагата до неговата суденица, онаа пред која го даде заветот на вечната љубов.“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
До вечер ќе блеам по ходникот да уловам некој збрлавен со јазик изваден ’ко пес жеден, со некоја која го поттурнува со рака, велејќи му: „А бе улав, луѓе има!“, а потоа по кеј ќе ловам пензионирани двојки фатени под рака, кои одамна веќе не се љубат, ама пред спиење во чело се бакнуваат со срам и страв да не е последно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И знаете... искуството е матна ламба која го осветлува само оној што ја носи... И несоопштиво е...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Извинете, имам работа”, им рече неодредено на присутните татко ми, станувајќи и излегувајќи од собата заедно со Рашела која го држеше под рака.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Максимилијан Мертен помислува, дали тоа Мајснер, неговото второ јас, сега одново го сонува него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Внукот на Петра се протнува меѓу нозете на Чана и се слизнува натаму, надолу, следен од гласот на Чана која го предупредува да внимава на возот што се движи оти тоа се обидува да го дофати неподвижниот петел, и вагоните изврвуваат, го откриваат просторот натаму, Веселко го грабнува петелот, набрзина пак се протнува со сѐ петел меѓу нозете на Чана и се исправа крај неа исто така обземен од просторот што е пред нив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Децата се растрчаа и набргу имаше сѐ што требаше за една леса врз која го наместија дедо Костадин и врз рамењата на Танаско, на Друже Србине и на некои други, му ги прошетаа очите по бистрото и сино небо од станицата сѐ до куќата на која не требаше да ѝ се отвораат вратите и прозорците оти уште од кога замина бабата Петра тие зееја со пустошот во себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
– Ќе биде добро и тој да учи за професија која го заобиколува затворот, како и неговите браќа – рече со сериозен глас Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)