кој (имн.) - понекогаш (прил.)

- А јас во најмилото се колнам, дека не ги видов и дека мислам дека за тоа е виновна оградава која понекогаш се труди да нè исмее - рече Загорка Пеперутката и ми ја зачепи устата со пердувестата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поимите како екстатика, хистерија, самоволие, лудост, или дури кусогледоста (која понекогаш сериозно се наведувала како причина за деформациите на Греко) нема никогаш да бидат способни да ни објаснат зошто неговата слика Марија со детето Исус (сл. на стр. 129) просто е убава, па и ако е крајно некласична.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пред свеста на чита-телот полека изнурнува една романтична и мистериозна визија на американскиот среден запад од почетокот на дваесеттиот век која понекогаш на чудесен начин се материјализира на црвените, песочни брегови на Марс, меѓу земјанските колонизатори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За нивниот вид никогаш не размислувам како да е жив, туку како целиот да се состои од оние мртви бубачки на нашиот тепих, сите новозагинати создадени со дејството на некоја таинствена животинска трага - можеби таа прашина во која понекогаш лежат - којашто лебдее во воздухот, којашто преку ноќ зацврснува и спонтано преминува од една телесна форма во друга, како што бил случајот со ларвите пред научното доба.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)