кој (имн.) - понапред (прил.)

Но она што не е во ред кај овие сугестии е претпоставката дека аргументот за приватниот јазик имплицира дека не може да постои ништо како привилегирано препознавање во „прво лице” на диктатите на нечие разбирање на еден израз. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 65 Од фактот дека владеењето со некој израз може да се научи единствено во јавен амбиент, и дека неговата исправна употреба треба да биде контролирана од јавни проверки, не следува ништо што би се однесувало на невозможноста од разбирање на еден израз, на тој начин стекнат и контролиран, кој се состои во некоја когнитивна состојба на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Загриженоста која Витгенштајн го наведува да тврди дека поседувањето на когнитивни состојби во „прво лице” е неконзистентна со ограничувањата на заедницата во поглед на нивното стекнување и коректната употреба, е иста со онаа која понапред ја идентификувавме во врска со платонизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)