кој (имн.) - веројатно (прил.)

Како гостин јас имав предност прв да одам во тоалет, така што сепак измокрив седејќи на шолјата, потоа си ги измив забите и лицето, па си легнав, чекајќи сите истото да го сторат, вклучително и тетка ми која веројатно ќе го исчистеше тоалетот откако и сама ќе го искористеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Познајниците му се смееја, колегите го озборуваа, жените го сожалуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но по воведените мерки за укинување на некои даноци од страна на Мустафа паша Ќуприли-Заде, простување на оние кои не ги платиле заостанатите даноци од претходната година и консолидирање на војската, се подготвил за пресметка со македонските востаници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- А не прашувате со кои пари ќе ги купам симидите - приговорив непотребно бидејќи веднаш сфатив дека нему баш му е гајле за некоја Катерина за која веројатно немаше ни да поверува дека постои случајно ако ја спомнев!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател го исмева подарокот, оној распослан тигар, а токму тој тигар веројатно го има поттикнато да пројава на него со посакуваната барем еднаш повеќе одошто му било пишано и тоа галопирајќи низ ноќта која веројатно му се присторила многу подолга од другите ноќи; а пројавал во овој случај без оној самар што го создала злобната шега за да го поттикне потсмевот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во турските документи Карпош се именува како “Крал од Куманово”, титула која веројатно му била дадена од австрискиот цар Леополд I.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Да се разбереме, не зборуваме за информатичката демократизација која веројатно е незапирлив процес (иако и за 10 Margina #15-16 [1995] | okno.mk тоа може да се дискутира бидејќи истовремено со процесот што овозможува широка достапност на информациите расте и свеста дека информацијата е моќ, а моќта не е баш егалитарна), туку за местото на тој чуден порив да се чкртне пештерскиот yид - и кој денес го нарекуваме уметност - во овој брзоменувачки „информатички свет”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)