кој (имн.) - можеби (мод.)

Белината изгледа како избледеност на физичкиот украс, неутралност која можеби поради тоа ги добива сите егзотични својства на Зборот, но на која, во суштина, секогаш ќе ѝ недостасува езотеричната и ритуалната моќ на вештачкото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во книгата Во која можеби ќе се вратат Прогонетите поети.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Кои се тие нови податоци и кој ти ги даде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но жената која можеби и беше тетка Боса, откако ме ослободи од прегработ кусо рече: - Пратив двајца да го зазборат! – А потоа многузначно ме погледна. – Сакав да сме сами кога ќе ти ја соопштам новината дека твојот братучед и вистински преживеа. – Зошто велиш дека преживеал кога и досега го сметавме за жив. (Го употребив зборот сметавме за да ја потсетам на досегашното нејзино тврдење дека Благоја е жив но да ја изразам и мојата подршка на нејзиниот ваков став иако верував дека братучедот Благоја одамна е мртов).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ништо не беше како некогаш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вербата во човековата моќ да ја објасни новата судбина даваше на преземената дипломатска мисија некаква дополнителна моќ, која можеби и го оправдува постоењето на оваа професија во времето кога во светот се губи смислата на некогашните граници, кога заедничката планетарна судбина станува неодминлива реалност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)