кој (имн.) - причина (имн.)

Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Неговата неинформираност се гледа од текстот кој што му е страшно конфузен и нејасен, тенденциозно напаѓа, а не знаеме од која причина и цел, зошто не само што не го познаваме, туку и никогаш сме немале како било контакт со него.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми паѓа на памет и примерот со Ана Каренина, за чија судбина велат дека од вашата страна споменатиот Толстој нашол инспирација во вистинскиот живот на ќерката на Пушкин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, затоа пак, со задоволство ја прими „Златната палма” во Кан истата година, за филмот „Ден”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На тоа доделување на најголемата филмска награда не се појави и не се дозна од која причина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас дури сега се прашувам: на што помислуваш кога ми поставуваваш вакви прашања?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога зборувавме за онаа твоја идеја за другото време што не знам од која причина ја спомна и како моја , ги спомна и тие други нешта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Молчеше и старата, молчеше и Ване - секој од своја ама којзнае од која причина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)