кој (имн.) - дедо (имн.)

Прва во албумот е фотографијата на Прокопија, под која дедо Санде ги напишал годините на раѓањето и смртта: 1856-1911.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Навистина, ние правевме пикник под вистинска елка, играјќи чудна игра која дедо ми ја нарекуваше „одбројување“ и во која секогаш морав да го прашувам за часот, а тој да го одредува правецот и чекорите кои требаше да се направат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)