кој (имн.) - продолжи (гл.)

Татко ја гледаше вџашено Мајка која продолжи со истиот спокоен тон, без да разбере што се случува: – И, еве, појдов да им ја покажам на луѓето од власта, како ја држиме чиста, пречиста сликата на Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Реши дека треба да изгледа како младолик, страстен, енергичен, чувствителен и образован маж, па воведе реформи и во својот изглед, и во однесувањето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во име на тоа уверување, им благодарам на сите што несебично ја поддржаа појавата оваа книга како во нејзиното прво, двојазично, така и во ова издание наменето за македонскиот читател. Авторот
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овие два облика на дистанца, темпорална и просторна, нема сомнение, за вас биле неорходни и особено провансалскиот шарм и атмосфера каде што ќе присоберете сили и храброст за да сведочите за вашата неколкудневна аскеза, која продолжи во вас отаде збиднувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сепак, очите и искривената уста ѝ беа толку страшни што Кристина веднаш се повлече и во тоалетот останавме само јас и тетка Олга, која продолжи да ги цеди крпите во кофата и да цимоли.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Холокаустот е трагедија искусена од повеќе народи, а напати ми се чини и судбина на современата цивилизација која продолжува да трае и во таа нејзина трагична димензија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)