кој (имн.) - отиде (гл.)

Тој сега сакаше да раскаже како живеел и што видел во туѓина и што донел во куферите оставени во опустената куќа од која отиде пред неколку години преку мориња кон непознати земји да ја пресметува во себе големината на планетата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите погледи беа свртени кон госпоѓа Мариела која отиде зад катедрата, ја отвори фиоката и оттаму извлече папка со материјали.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Денес тешко би се заколнал дека најпрвин ликот па потоа името Рубина, испишано со мастилен молив на рамката за која можеше да се рече дека е симната од прозорец на стара балканска или еврејска или арапска куќа од која отишле и домашниот призрак.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)