коцка (имн.) - шеќер (имн.)

Сепак, кога Дишан зборува за ова дело, тој обично ги опишува коцките како коцки шеќер, одвлекувајќи го разговорот од студенилото и смртта.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во најубавиот хотел „Барон“ никогаш не сум спиела, ама сум испила 3 000 турски кафиња со по пет коцки шеќер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почнуваше со за тоа време одлична шпица на коцки шеќер кои што со домино ефект паѓаа една по друга.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Копајте, робови, - повторуваше. – Оној што ќе најде дијамант, ќе добие двапати повеќе леб и кон тоа коцка шеќер.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неговата песна се повтори и во третата моја ноќ под земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
12. Ми дадоа два леба, две варени јајца, пет коцки шеќер и ме пикнаа во „Чјорнаја варонка“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само, ако ми донесат лонче чај и коцка шеќер, само тогаш ми се врзува душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ги ливкаме коцките шеќер што ни ги дадоа за по пат, се лажеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прислужникот чичко Петре веројатно ѝ ја знаел маната: ѝ набута во устата коцки шеќер а потоа нѐ избрка надвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од самарчето се истурија цигари, коцки шеќер, завои за рани, апчиња аспирин, шишенца со јод и уште што ли не?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)