кофа (имн.) - вода (имн.)

Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тргаме од шишето ракија, црпиме со кофа вода од чунот; брановите фрлаат внатре, ние фрламе надвор; тие внатре - ние надвор; тие внатре - ние надвор; прашањето е само - кој е побрз.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги потурија сите со по една кофа вода и некои почнаа да покажуваат знаци на живот, а дедот Главче и едно од децата не се освестија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една од нив со кофа вода од бунарот ја заплисна крвта на јагнето подалеку на улицата, кон отвореното каналче што течеше во близина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Е ,ќе кажите, или да сечиме главите! — им пристапија мудурот и јузбашијата на освестените.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Братучедот Благоја пееше еден марш што го пеела бригадата при освојувањето на рудникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тетка ми, пред да седнеме на масата, на плочите истури четири кофи вода.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)