костур (имн.) - во (предл.)

А стрина ти, затоа што Лаки не се врати од Костур во селото, кога беше отиден по книгите за да си оди во Канада, ја викнаа и ја затворија. И сѐ му собраа, сѐ. Гола куќата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Меѓутоа, се таложат вековите на Балканот врз нивната свест и им шепотат - тоа е самата смрт преобразена во забесто и привидно неснаодливо животно, поточно гнил костур во чии обрачи на ребра е затворен светот со сите реки, градови и села, се со што живее како човек, животно растение: пеколот е на земја, земјата во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)