костум (имн.) - во (предл.)

На портата се појави жена во костум во сива боја, панталони со тесни ногавици до над глуждовите и црни чевли обуени на босо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите се смеат, прегласно, но поетот дофаќа како двете девојки во соседната соба живо разговараат околу дводелните пепито костуми во најновиот број на „Бурда“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)