коска (имн.) - се (зам.)

Сето тело, месото и коските на отец Мида се претвориле во слова, во букви: коските се претвориле во тврди гласови а месото негово во меки гласови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се смолзгаме сега од вагоните со бавни движења, како гуштерици на студ: ни коска се мрда, ни жила се витка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вришти крвта Коската се расчинува Низ оброчишта пустоши некаков крај... . . .
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Дека до коска се соголени непријателите; дека е изнесено ѓубрето на буништето и дека ни останале уште оние, попријатни и пофини работи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)