коса (имн.) - го (зам.)

Влакна од нејзината коса го скокоткаат и му го бара погледот во ретровизорот преку којшто разговараат и се договараат со очи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спротивно од големината на главата, на нејзе сѐ е мало: косата го прерипува челото и почнува скоро од танките веѓи, очите се опасно ситени и пропаднати, носот е незабележлив, низ танките усни со мака би се провлекол поголем залак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И принесе стол и остана да стои забележувајќи дека нејзината коса го изгубила познатиот, искричест сјај, а очите-прскавата разиграност на внатрешната смеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да се потсетиме дека во Belle Haleine долгата густа коса го карактеризира женскиот лик на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Значењето на 98 имањето или немањето коса веќе беше нагласено кога се разгледувани Tonzura-та и L. H. O. O. Q.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Разбушавената коса го најавуваше поразот на суштество што се бори само со себе, и само против себе... залезот ја повика месечината...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)