корен (имн.) - и (сврз.)

А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На едно око спијам со другото се мачам да го здогледам тој збор, испоснички сув, во кој е овоплотен животот кој се пресоздал во корени и историска скрб...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тропаат на тврдиот планински камен коњските копита, шушкаат опинците и босите стапала на жените, кои загледани во разофканите ранети, се сопнуваат од издадените корења и камења.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сева корија и сиов камен што го гледате длабоко под мене протегна жилав корен и мојава става што вишнее усамена под ридов сте вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се престоруваш земја и камен. И длабоко со тебе ќе пропаднат нашите грстови вода за да остане пусто ова распаќе без корени и без деца!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Скинете од неговиов корен и посадете си го на дланката На неа да изникне мала Сама Бука И нешто како детето во вас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Да го разораме каменов и место плод неправдина да посадиме да врзе длабок корен и густи гранки да нададе
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
До што е корен и камен до што е далга и ноќ сум израснал . . .
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
А веќе се ведне за да ги задави своите корени и својата самотија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се фатив за некој исушен корен и притаено гледав тие црни сеништа стапка по стапка како ми се приближуваат вртејќи се околу себе, скокајќи кон ѕвездите, гребејќи и нуркајќи в земи, сѐ дури одново тоа грозно завивање не ми го скрши сонот и ме разбуди со меч со кој на крајот замавнав и на себеси За да се најдам скаменет во прекрасна болка - Скршен меѓу усамата и раната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Остануваше со неразјадена поврвнина и под јужниот снег, имаше цврсти корени и во скочанетата земја, неговиот проник го имаше склештено сиот горен дел од пиланата, исполнувајќи ја и буката, а тој се наоѓаше загнезден и во внатрешноста на пиланата, во него беа склештени и сите делови од машинеријата, што доаѓаа во допир со водата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
7. БЕЗ КОРЕН И ПЕЛИНОТ НЕ РАСТЕ - а зошто да нѐ дразни горчината на плодот?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Никој ништо не им кажа, никој не им дојде, пријателски и мислителски да ги измери со очи: не изеле толку фурни леб за да го фатат бегалецот со обетка на уво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свиткан, со забуцана брада во колениците, ни буден ни мртов, чувствував дека земјата лази под мене, тече и ја носи со себе топлината на луѓето и на огнот. Ако пуштев корен и самиот ќе се движев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа некој ја стави својата тврда шепа помеѓу моето лице и земјата и ме покри со нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разбрак, Чано! ја одвртува големата снага на Чана со тоа што влегува во пиперките и согазувајќи неколку корења и излегува на патчето зад неа и продолжува нагоре со тоа што сега не мава лево десно со стапот, туку по средината на патчето, кревајќи прашина и заглушлив глас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Коренот и огништето на децата се градите на мајките!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На пленуми и конгреси по име и презиме ги именуваа виновниците и дури тогаш разбравме дека растурници нѐ растурија, луѓе без трошка татковина, без корен и без дамар, бескуќници и арамии нѐ испокрадоа, лажговци нѐ исполажаа, безумници нѐ избезумија, та нѐ иселија и раселија...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Земјата долу е проѕирна, чиниш некои нови и пресилни гама зраци ѝ ги откриваат тајните на утробата - корења и коски, под нив понорници, во длабичина усвитена јатка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
V Денеска учителот ни зборува за првобитните луѓе, кои јаделе корења и трева.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа ги сплеткаа корењата и почнаа да си ги отимаат едно на друго хранителните сокови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А имаше толку многу земја околу нив низ која можеа да си ги шират корењата и да црпат животни сокови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)