концерт (имн.) - во (предл.)

Листите на барања на Сантана и на Мадона на последните концерти во Скопје односно Белград не биле ни сантиметар пократки од горе наведените.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Францускиот бенд, „Ејжен даб фондејшн“, побарале после концертот во кафеаната во која ќе ги полнат стомаците, рафално да стрелаат по келнерите со ќебапи, суфлаки и слични убиствени месишта подготвени на скара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За време на престојот во делот на Македонија под Грција македонските партизани приредувале концерти во селата на делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Еве, сега ти признавам дека бев инкогнито на вашиот последен концерт во Домот на младите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мајка му ми кажа дека доаѓа доцна навечер, но и дека другиот ден има концерт во прекрасната катедрала и дека сум имала среќа да бидам во Парис баш кога тој има концерт.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не е проверено, ама се зборува дека кога во раните осумдесети на врвот од својата кариера држела концерт во Спортската сала во Битола, кроткиот македонски народец желен да ја види искршил два-три џама на ова спортско здание.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мирослав Илиќ! Легенда на југословенската фолк сцена. Држи концерт во некоја сала.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сонцето заоѓаше со звуците на Шопеновото анданте од концертот во ф-мол.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Под диригенство на мајското сонце концерт во разбудената градина
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)